Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи одбил да го покани Додик во Охрид

Османи одбил да го покани Додик во Охрид

Српскиот политички лидер од БИХ, Милорад Додик, не доби согласност на неговото барање да присуствува на Форумот за дијалог - Преспа Форуморганизиран од Министерството за надворешни работи во Охрид од 16 до 18 јуни.

Босна и Херцеговина најави присуство на Шефик Џаферовиќ, претседател на Претседателството и министерката за надворешни работи Бисера Турковиќ.

На Форумот за дијалог во Преспа ќе присуствуваат високи европски и светски претставници, како што се Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет, Борут Пахор, претседателот на Словенија, Мирослав Лајчак (ЕУ), Стјуарт Пич (Велика Британија), Мануел Саразин (Германија). и Габриел Ескобар (Соединетите Американски Држави).

Официјални лица го инфоирмирале политичкиот лидер на босанските Срби Милорад Додик дека не е добредојден на форумот во Преспа.

„Стигна порака од главниот град на Северна Македонија: Извинете, не сте добредојдени“, пишува politicki.ba.



Слично

Поврзани вести