Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи очекува препорака во април ако не и порано

Османи очекува препорака во април ако не и порано

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи вели дека Македонија очекува за време на бугарското претседателство со ЕУ да го добие она што го заслужува, датум за почнување на преговори. 

„Исклучително значајно е да бидеме дел од таа стратегија за проширување, да добиеме една од најдобрите препораки за проширување, во април, ако не и порано, која ќе биде безусловна. Се разбира, имаме големи очекувања за мајскиот самит во Софија, каде ќе се забетонира перспективата на Западен Балкан за Европската унија. Се разбира, Бугарија, некаде во јуни, пред да го предаде претседавањето на Австрија, ќе претседава со Советот на ЕУ, каде што очекуваме датум за преговори“- изјави Османи.

Бугарскиот амбасадор во Македонија, Иван Великов Петков изјави дека Бугарија ќе работи на европската интеграција на Западниот Балкан.

„Почнувањето на бугарското претседателство со Европската унија, ќе биде официјализирано на манифестација на 11-ти јануари во Софија. Јас лично ќе го претставам приоритетот на бугарското претседателство на 15-ти јануари во Собранието на Комисијата за евроинтеграции“- рече Великов Петков, амбасадор на Бугарија во Македонија.

Османи рече дека Бугарија е пријател на Македонија и лобист. 

Слично

Поврзани вести