Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи: Нема поголем интерес за Македонците од влез во ЕУ и НАТО

Османи: Нема поголем интерес за Македонците од влез во ЕУ и НАТО

Нема поголем интерес за Македонците од влез во ЕУ и НАТО, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи во емисијата „Отворено“ на телевизија 24. 

Тој вели дека влезот во НАТО гарантира безбедност и опстанок за државата, а тоа е важно и за Македонците и за другите етнички заедници. 

Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски вели дека е важно да се зборува за влезот во ЕУ и НАТО и тоа граѓаните треба да ги интересира. 

Георгиевски вели дека агендата за ЕУ и НАТО  се знае, а со начинот на кој се поставени од ВМРО-ДПМНЕ смета дека ова нема да се реши во наредните четири години. 

Слично

Поврзани вести