Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи не прифаќа чепкање на Законот на јазици

Османи не прифаќа чепкање на Законот на јазици

По повод одлуката на Венецијанската комисија со која се најави ревизија на Законот за јазици а која наиде на поддршка од премиерот, несогласување изрази вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Тој на денешната прес конференција истакна дека не прифаќа чепкање на Законот за јазици.

Имено, Османи истакнува дека секое надгласување на македонските судии на албанските во Уставниот суд за Законот за јазици, секој обид на Министерството за правда да направи измени без усогласеност на целата влада и без консензус во Собранието е поместување на македонско алабанскиот баланс кој се вопоставува со Законот за јазици и ќе отвори зачаран круг и спирала што ќе не помести од патот по кој сме тргнале.

Од друга страна Османи, изрази задоволство од извештајот на Венецијанската комисија особено затоа што дал позитивно мислење за двојазични монети и униформи за штоо сега дома ќе се постигне конечното решение.

Слично

Поврзани вести