Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи: Не е прекршена процедурата при носењето на Законот за употреба на јазиците

Османи: Не е прекршена процедурата при носењето на Законот за употреба на јазиците

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска изјави дека во ниту еден дел не е прекршена процедурата при носењето на Законот за употреба на јазиците. 

Османи рече дека согласно Уставот, амандмани можат да се поднесуваат само на предлог-закони, а овој, како што рече, веќе бил усвоен.

„Усвоени закони можат да се променат само со предлог-закони. Ако некој сака да го промени овој закон, тогаш треба да поднесе предлог за измени“ - истакна Османи. 

Според него, немало никаква основа за предлагање на амандманите и дека тоа го констатирал претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.

Toj вели дека согласно Уставот, амандмани не може да се поднесуваат на еднаш изгласан закон и претседателот, Ѓорге Иванов е должен да го потпише указот.

Османи порача и дека Македонија завршила едно важно поглавје од својата историја и денес повеќе од кога било е унифицирана и заедничка во своите предизвици за чекорење кон ЕУ и кон НАТО.

Слично

Поврзани вести