Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи најави нов план 18 - што ќе содржи?

Османи најави нов план 18 - што ќе содржи?

За неколку дена почнува новиот владин план 18, најави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи. 

По 3-6-9 кој го оцени како реализиран над 90 проценти вели веќе се воспоставува новата рамка за новите реформски приоритети кои земјава мора да ги исполни на патот на евроинтегративните процеси до крајот на годинава.

„Уште  наредните денови Владата ќе излезе со новиот план 18 што ќе биде фокусиран на она што треба да се стори до јуни“- изјави Османи вицепремиер во Владата на Република Македонија.

 Вицепремиерот истакна  дека новата цел е мошне блиску а тоа е јунскиот самит во Софија од каде Владата очекува датум за почеток на преговорите.

Слично

Поврзани вести