Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСМАНИ НА ТУРНЕЈА, ДЕНЕС ВО БРИСЕЛ: Познато кога ќе биде одлуката за старт на преговорите

ОСМАНИ НА ТУРНЕЈА, ДЕНЕС ВО БРИСЕЛ: Познато кога ќе биде одлуката за старт на преговорите

Вицепремиерот Бујар Османи е на турнеја во метрополите на земјите членки на ЕУ а денес е во посета на Брисел.

Во главниот град на Белгија тој се сретна со претставничката на Република Хрватска во ЕУ, Андреја Метелко-Згомбиќ а според агендата Османи ќе се сретне и со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини но и , Геновева Руиз Калавера која е директорка за Западен Балкан во рамките на Генералниот Директорат за соседство и проширување во Европска Унија.

Од првата средба дојде и првата порака а тоа е дека Македонија првото поглавје ќе го отвори за време на хрватското претседателство во јануари следната година.

Како што вели Османи одлуката за почеток на преговорите е во исто време со почетокот на  хрватското претседателство со ЕУ во јануари следната кога и Македонија очекува да биде отворено првото поглавје со ЕУ .

Османи и се заблагодари на Згомбиќ за поддршката која Хрватска и ја дава на Македонија.

Слично

Поврзани вести