Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСМАНИ НА СРЕДБИ СО АМБАСАДОРИТЕ - денекса и од Грција побара поддршка за влез во новата влада

ОСМАНИ НА СРЕДБИ СО АМБАСАДОРИТЕ - денекса и од Грција побара поддршка за влез во новата влада

ДУИ продолжува со средби со странските амбасадори.

Вицепремиерот Бујар Османи денеска имаше средба и со грчкиот амбасадор Димитрис Јанакакис, откако вчера се сретна со евроамбасадорот Самуел Жбогар, а потоа и со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние. 

„Продолжување на состаноците со нашите пријатели. Разговаравме со грчкиот амбасадор Јанакакис за резултатите од изборите и формирањето на новата влада. Го уверив амбасадорот дека и во следната Влада ќе останеме гаранти на трите договори и катализатори на интеграцијата во Европската унија!“, напиша Османи.

Вчера, пак, по средбата со Тимоние, напиша.

„Нашите меѓународни пријатели со интерес ја следат атмосферата по изборите. По Евроамбасадорот Жбогар, средба и со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, италијанскиот амбасадор Карло Ромео, како и со амбасадорот на Австрија во земјава, Георг Вуцас. Со пријателите разменивме мислења за европските перспективи на земјава, на која сега ѝ е потребна политичка стабилност и јасна посветеност кон европските интеграции“, напиша Османи.

А се пофали и за средбата со Жбогар.

„Прва средба по изборите со Евроамбасадорот Жбогар. На земјата и е потребна стабилна и функционална Влада, со европска перспектива, која ќе може адекватно да се подготви и да ги започне претстојните преговорите со Европската Унија, како и да биде гарант за регионалната стабилност“, објави вицепремиерот.

По сите овие средби, ДУИ, која освои 15 пратенички места, се претставува како сигурен играч во формирањето на новата Влада. Сепак, кој ќе учествува во неа, ќе се знае веројатно по празникот Илинден. 

Слично

Поврзани вести