Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСМАНИ НА КЛИНИЧКИ: Секоја алка од системот за безбедно одржување на Министерскиот совет е во функција

ОСМАНИ НА КЛИНИЧКИ: Секоја алка од системот за безбедно одржување на Министерскиот совет е во функција

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи на социјалните мрежи објави дека е на координација со Клинички центар.

„Секоја алка од системот за безбедно одржување на Министерскиот совет е во функција за да гарантираме беспрекорен тек на настанот“, пишува Османи. 

Министерскиот совет на ОБСЕ ќе се одржи идната недела во Скопје. На 30-от Министерски совет на ОБСЕ, кој ќе се одржува од 29 ноември до 1 декември во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, ќе учествуваат 76 делегации од земји членки и партнери на ОБСЕ и се очекуваат 1.000 гости во делегациите.

Неизвесно е дали рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров ќе допатува во Македонија. 

фото Фејсбук/ Бујар Османи

Слично

Поврзани вести