Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи му честита на Меџити: Граѓаните го имаат последниот збор, им посакувам успех

Османи му честита на Меџити: Граѓаните го имаат последниот збор, им посакувам успех

Бујар Османи од ДУИ вечерва му честиташе на Изет Меџити за победата во Чаир. 

„Сепак, во политиката, граѓаните го имаат последниот збор. Доволно долго сум во политиката за да ги препознавам и почитувам пораките што граѓаните ги испраќаат. Иако кампањата не беше ни фер ни легална во секој аспект, но не сакам да се жалам, затоа што верувам дека искреноста и вредностите имаат смисла само кога ги одржувате дури и во вакви ситуации. Честитки до мојот противкандидат и целата коалиција што застана зад него, тие се победници на изборите во Чаир и им посакувам успех во водењето на општината во следните четири години“, напиша Османи на Фејсбук. 
Инаку, за следните политички чекори ќе открие повеќе во следните денови. 

Слично

Поврзани вести