Османи: Ќе се осигураме законот за јазиците да не падне на Уставен
Вицепремиерот за европски интеграции Бујар Османи посочи дека одлуката законот за јазици прво да помине во Венецијанската Комисија е донесена по барање на меѓународната заедница во случај законот во иднина да се оспори пред Уставниот суд.
-Се согласивме во Влада и наскоро ќе го усвоиме. Имаше неколку сугестии од меѓународниот фактор дека не треба да дозволиме по усвојувањето евентуално да се оспори неговата уставност – рече изјави вицепремиерот за европски прашања во емисијата „360 степени“, Бујар Османи.
Според него, законот треба да се усвои што побрзо за да не биде дел од изборните агенди на политичките партии.
Слично
