Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи: Ќе изградиме заеднички став за предлогот на Нимиц

Османи: Ќе изградиме заеднички став за предлогот на Нимиц

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи смета дека добро е што има нов предлог од медијаторот Метју Нимиц по новата рунда на преговори за спорот за името во Њујорк. Предлогот засега не може да го коментира бидејќи истиот треба да биде разгледан од страна на Владата за да биде изграден заеднички став.

„Јас знам колку сме посветени и колку сме одлучни да одиме до крај во решавање на ова прашање, познавајќи го контекстот и историскиот моменум пред кој се наоѓаме како држава. Не можам да коментирам за последниот предлог, бидејќит треба да стигне во Скопје. Мислам дека некаде во понеделник ќе имаме заедничка средба за да го разгледаме и да изградиме став по истиот. Добро е што има предлог, добро е што се интензивира целиот процес, добро е што има меѓусебни директни контакти помеѓу владите на различни нивоа. Тоа е единствен предуслов, да стигнеме до ситуација да изнајдеме решение“, изјави вицепремиерот Османи.

Единствен коментар за предлогот на Нимиц засега даде македонскиот преговарач Васко Наумовски кој не изрази оптимизам дека со истиот е возможно достоинствено решение.

Слично

Поврзани вести