Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи: Ќе биде легитимно ако Вучиќ учествува на македонските избори

Османи: Ќе биде легитимно ако Вучиќ учествува на македонските избори

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата „Клик“ рече дека не е добра идеја „Самоопределување“ од Косово преку свои луѓе да учествува на парламентарните избори во мај во Македонија, затоа што, како што тврди, ќе го легимитира тоа и Србија и Бугарија да имаат „свои претставници“.

Албанскиот опозициски блок најавува проширување и вклучување на претставници на партијата на косовскиот премиер Албин Курти како коалициски партнер на „Европскиот сојуз за промени“.

„Србија се јавува како најпријателска земја во македонските истражувања. Претседателот Вучиќ е доста популарен во Северна Македонија. Ако се создаде таква практика, на ангажирање политички фактори во регионот, ќе треба да се распише регионален натпревар. Бугарите сигурно нема да го остават просторот празен доколку Србите тврдат дека има легитимирање на активното учество и тоа ќе ја наруши динамиката која во Македонија е стабилна во меѓуетничките односи“, додаде Османи.

Тој исто така додаде дека тоа ќе влијае и на расцепканоста на албанската политичка сцена.

„Ние кажавме дека нема потреба од повеќе политички субјекти. Третата партија само би ја распарчила албанската политичка сцена“, заклучи Османи.


Слично

Поврзани вести