Османи кажа кои се трите услови за коалиција
Вицепремиерот за евроинтeграции и портпарол на ДУИ, Бујар Османи во интервју за телевизија Телма, изјави дека Демократската унија за интеграција ќе коалицира со која било партија што ќе ги почитува Охридскиот, Преспанскиот и договорот со Бугарија.
„За нас е многу важно да има јавно преземање на обврска за имплементација на договорите“, потенцира Османи.
Тој се заложи што поскоро формирање нова влада која, како што рече, ќе биде тематска и ќе мора да биде посветена на спроведувањето на преговорите за членство со ЕУ.
Османи посочи дека откако ќе биде формирана Владата ќе биде составен и тимот за преговорите со Европската Унија, кој, според него, треба да има поддрша од сите субјекти во општетсвото..
Тој во интервјуто изјави дека ДУИ била единствена политичка партија на овие избори која што имала само позитивна кампања и немала негативна реторика кон никого.
