Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи кажа до кога е реалниот рок за уставните измени

Османи кажа до кога е реалниот рок за уставните измени

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи е оптимист дека уставните измени ќе бидат донесени и дека првичната цел на Владата и била до ноември, но дека реалниот рок е последниот ден од мандатот на овој Парламент.

„Јас сум оптимист дека ќе биде. Се разбира првична цел ни е до ноември бидејќи тогаш има еден административен календар заради скринингот, меѓутоа реалниот рок е последниот ден односно мандатот на овој Парламент, значи до наредните избори. И до последниот ден ние ќе работиме да обезбедиме поддршка, сметајќи дека нема аргументи против. Мислам дека оваа прва битка ние ја добивме. Како предлагачи ја добивме затоа што не видовме отпор од експерстката јавност, од која било јавност во однос на содржината на уставните измени. Да излезе некој и да каже чекајте ова е опасно поради тоа што икс, ипсилон работи ќе се случат“, рече Османи во интервју за Сител.

Според Османи, аргументи против уставните измени нема и ова е калкулација за наредните избори во опозициската партија (ВМРО-ДПМНЕ). Македонија треба да ги внесе Бугарите во Уставот за да продолжи со преговори со Европската Унија(ЕУ). 

Слично

Поврзани вести