Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи: Каракамишева измислува и не е достојна да ја претставува Македонија

Османи: Каракамишева измислува и не е достојна да ја претставува Македонија


Вицепремерот Бујар Османи ги демантира трвдењата на професорката Татјана Каракамишева дека до Владата е стигнато писмо од Венецијанската комисија во кое се вели дека, согласно правилата на оваа меѓународна институција, не е дозволен владин притисок врз националниот претставник.

Каракамишева на „Фејбук“ напиша дека писмото е испратено од генералниот секретар на Комисијата, Томас Маркерт, и дека истото е адресирано до премиерот Зоран Заев и до вицепремиерот Бујар Османи.

– Писмото што го добив само го објаснува начинот на кој Венецијанската комисија одлучува и воопшто не се споменува прашањето за било каков притисок. Но, мојот став е дека и покрај моето позитивно мисење за професорката Каракамишева како правник, нејзините последни шовинистички ставови ја прават недостојна за претставување на земјава во било која меѓународна институција – вели Османи.

Вицепремиерот Османи рече дека Законот за јазици не треба да се праќа на мислење во Венецијанската комисија се додека дел од ова тело е и професорката Каракамишева.


Слично

Поврзани вести