Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи: Kако што вели Ахмети, „јас сум мисионер, a не сум функционер“

Османи: Kако што вели Ахмети, „јас сум мисионер, a не сум функционер“

Maкедонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи не се чувствува загрозен доколку по седницата на Генералниот совет на ДУИ не продолжува да ја извршува владината функција.

„Јас сум професионален политичар чија кариера не беше само во Владата, туку кога не бев во Владата бев во партијата. Значи, како што вели Ахмети, „јас сум мисионер, a не сум функционер“. Овие платформи се само начини да ја изразам мојата мисија. Oва ќе го направам како портпарол, како министер, како функционер, тоа е всушност идеја и работиме на идејата“, изјави Османи.

На 15 октомври ДУИ ќе го одржи Генералниот совет во кој ќе се формираат телата на партијата, кои не се формирани поради пандемијата Ковид-19, што го зголеми и незадоволството на „огнената група“. Следната сабота Генералниот совет, ќе треба да го избере раководството на партијата. Воедно, ќе има и отчет за тоа што е сработено. 

Слично

Поврзани вести