Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи: Како што пасошите се двојазични, така и парите и униформите би биле уставни

Османи: Како што пасошите се двојазични, така и парите и униформите би биле уставни

Во поглед на оценките на Зоран Заев дека воведувањето на двојазични пари и униформи е спротивно на Уставот, не се согласува ДУИ чии пак правни експерти оцениле дека овие измени би биле уставни.

„Ние сметаме дека се целосно во рамки на Уставот како што и пасошите што се користат низ цела територија, па и надвор се двојазични веќе со децении“ вели Османи за Радио Слободна Европа.

На вчерашната промоција на програмата на новата Влада Зоран Заев посочи дека нема да дозволи промена на Уставот, па дел од неговите ставови не ги прифаќа ДУИ, но нема одговори дали тоа ќе влијае на договорот за владина коалиција и поддршка во Собранието со 67 пратеници.

Слично

Поврзани вести