Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи: Јас живеам само од оваа плата и ми е важно

Османи: Јас живеам само од оваа плата и ми е важно

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи вели дека живее само од плата која му е важна и според него, не мисли дека е за фалење кога политичарите велат дека не им е битна платата.

„Во овој случај разбирам дека приоритет треба да бидат тие со плати околу минималната. Мислам тоа е клучно и ако ни дојде редот на нас во ред, ако не приоритет се тие граѓани во ова време на инфлација и на поскапување и треба да им се посвети внимание“, изјави Османи.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во наредните една до две недели треба да има решение за висината на платите на избраните и именуваните функционери, а кое ќе биде прифатливо и одржливо. Покачувањето на платите на функционерите предизвика револт кај граѓаните. Пензионерите протестираат и бараат покачување на пензиите. 

Слично

Поврзани вести