Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСМАНИ ИЗДАЛ НАРЕДБА ЕЈУПИ ДА ДОБИЕ ДИПЛОМАТСКИ ПАСОШ УШТЕ ДЕНЕСКА: поранешната ТВ презентерка ќе помага во „издавање документи“

ОСМАНИ ИЗДАЛ НАРЕДБА ЕЈУПИ ДА ДОБИЕ ДИПЛОМАТСКИ ПАСОШ УШТЕ ДЕНЕСКА: поранешната ТВ презентерка ќе помага во „издавање документи“

Поранешната ТВ презентерка Бесмира Ејупи, која пред две години беше предлог за конзул во Њујорк, но поради бурните реакции во јавноста, остана во Македонија, сепак ќе замине во дипломатска мисија. 

Решението го донел министерот во заминување Бујар Османи, а информацијата како што пренесуваат медиумите веќе е потврдена од МНР. Ејупи ќе биде испратена во конзулатот во Бон, Германија. 

Од МНР велат дека станува збор за конзуларни претставништва каде има зголемен обем на работа поради тоа што нашата дијаспора патува дома и е поврзано со олеснување на издавањето на документи на шалтерите на конзуларните претставништва.

Oд Македонскиот дипломатски синдикат реагираат дека е некоректно и кон колегите, но и дека е политички некоректно на десетина дена пред доаѓање на нов министер, министерот во заминување да носи одлука за тоа кои диполмати се соодветни за одредени места.

Младата новинарка Ејупи најпрво била вработена во Министерството за односи со заедниците и политички систем кое го раководи Артан Груби, а набрзо потоа, во 2022 година била префрлена во МНР. Таа година беше планирано да биде испратена за конзул во Њујорк, но под притисок на јавноста, која забележа дека за такви дипломатски позиции се потребни дипломати со искуство и стаж во МНР, Османи ја повлекол одлуката.

Покрај ова, на површина тогаш исплива и податокот дека Ејупи била на платен список и на државното Правобранителство и како и на неколку општини, а за целиот едногодишен ангажман добила околу 12.000 евра,

Инаку, на почетокот од годинава реагираше Македонскиот дипломатски синдикат алармирајќи дека незаконски и пред избори за конзул во Њујорк се испраќа Мухаби Синани, тукушто вработен во Министерството за надворешни работи, на истото место каде министерот Бујар Османи сакаше да ја испрати ТВ-презентерката.

Водено, упатените укажуваат дека откако министерот за надворешни работи во заминување, Бујар Османи потпишал решение поранешната ТВ-презентерка Бесмира Ејупи да стане дипломат во конзулатот во Бон, Германија, издал и наредба веднаш, уште денеска, на Ејупи да ѝ биде изготвен дипломатски пасош, нешто за што вообичаено се потребни најмалку 15 дена.
Слично

Поврзани вести