Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСМАНИ: И на Западен Балкан му се заканува руска империјалистичка амбиција

ОСМАНИ: И на Западен Балкан му се заканува руска империјалистичка амбиција

Mакедонија ќе продолжи да ја поддржува Украина. Шефот на дипломатијата, Бујар Османи вели дека и на Западен Балкан му се заканува руска империјалистичка амбиција.  Кажа дека заканата од Русија е сериозна. 

„Нашата решеност да ја поддржиме Украина останува непоколеблива. Нашето единство и решителност се нашите сили во залагањето за значителна помош за Украина, соочувајќи се со предизвиците што ги носи руската агресија. Се разбира, овие предизвици имаат пошироки импликации, при што Украина е само еден дел од руските империјалистички амбиции, кои се закануваат на Молдавија, Грузија и на Западен Балкан. Ова бара синхронизиран напор меѓу НАТО и ЕУ, нагласувајќи ја итноста од забрзана европска и евроатлантска интеграција за одржување на нашата колективна безбедност.“, рече Османи.
Македонија донираше воена помош за Украина. Руската инвазија на Украина трае повеќе од две години. 

Слично

Поврзани вести