Османи го нарече Макрон премиер на Франција
Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи на својот Фејсбук профил го нарече францускиот претседател Емануел Макрон, премиер на Франција. Во објава во врска со форумот ГлобСек за глобална безбедност во Братислава Османи напиша дека се сретнал со францускиот премиер.
Премиерка на Франција во моментов е Eлизабет Борн. Таа била поставена на функцијата лани во мај. Франција има претседателски политички систем, во кој шефот на државата истовремено е и шеф на владата, додека формалниот претседател на Советот на министри, владиниот кабинет, има помали овластувања и помалку политичка моќ.
Слично
