Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи: Ги зајакнуваме контактите за да најдеме решение за спорот со Бугарија

Османи: Ги зајакнуваме контактите за да најдеме решение за спорот со Бугарија

По средбата во Брисел со неговиот бугарски колега, Сетлан Стоев, шефот на дипломатијата, Бујар Османи на својот профил на Фејсбук профил напиша дека ја потврдиле важноста и посветеноста кон напредокот во процесот на европската интеграција, регионалната соработка и добрососедството во регионот на Западниот Балкан, а размениле и видувања и за последните политички случувања, по завршувањето на изборните циклуси и во двете земји.

Ја повторивме својата решеност за продолжување на конструктивниот пристап и добрата волја во билатералните односи. Истовремено, ја поздравивме подготвеноста за динамизирање на работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања со надеж дека Комисијата во наредниот период ќе изнајде начини за постигнување на конкретни резултати, кои се во интерес на двете страни. До одржувањето на клучните состаноци на ЕУ во декември, нашите очекувања се да бидат интензивирани контактите преку постојните форми на одржување на состаноци, се со цел да се изнајдат најдобри решенија во интерес на постигнувањето на наредните исчекори во процесот на интеграција кон Европската унија. Само отворениот дијалог и непосредната соработка претставуваат најсигурен показател за одговорноста и посветеноста кон мирот и стабилноста, перспективите на Регионот, како и успешното справување со сите видови предизвици со кои заедно се соочуваме, напиша Османи.


Слично

Поврзани вести