Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи ги потпиша првите двојазични документи

Османи ги потпиша првите двојазични документи

Вицепремиерот Бујар Османи ги потпишал првите двојазични документи.

Тој очекува Законот за јазици на почетокот да се применува со потешкотиии, но уверен е дека со текот на времето тоа ќе се регулира. Во сабота ќе се подготви акциски план со конкретни рокови. По донесување на законот, институциите ќе треба да се подготват логистички, а до донаторската заедница упатено е писмо за давање помош околу искуството на земјите кои се двојазични или тројазични.

Несериозни се повиците на ВМРО ДПМНЕ за бојкот на Законот за употреба на јазиците смета вицепремиерот за евроинтеграции, Османи.

За СДСМ законот не е противуставен.

ВМРО-ДПМНЕ не е против употребата на Албанскиот јазик, туку против начинот и процедурата во која се носи законот.

За имплементација на новиот закон  се предвидени 1 милион и 700 илјади евра, од кои 8 милиони денари месечно ќе бидат само за Агенцијата.

Министерството за економија денеска и официјално стана првата државна институција која започна да ги спроведува одредбите од законот за употреба на јазиците. Тие први поставија двојазична табла. 

Слично

Поврзани вести