Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи ги информираше пратениците за преговорите со Бугарија, за идентитет не се разговара

Османи ги информираше пратениците за преговорите со Бугарија, за идентитет не се разговара

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи вели дека не се преговара за идентитетските прашања ниту за јазикот со официјална Софија.

Тој денеска реферираше пред македонските паратеници во Собранието. Османи не соопшти детали за нон пејперот со Бугарија, затоа што како што вели нема ништо официјално договорено. 

Претседателот на Комисијата, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, упати критика дека не може да се изградат заеднички позиции ако Владата не сака да ги сподели информациите. 

Османи ги повика пратениците кога сакаат да дојдат во МНР, тој таму да им ги презентира одговорите кои ги доставила македонската страна. 

Неодамна премиерот на Бугарија, Кирил Петков беше во посета на Македонија, а потоа и делегација од македонската Влада на чело со премиерот Димитар Ковачевски беше во посета на Софија. 

Слично

Поврзани вести