Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСМАНИ: Функционерите од „црната листа“ на САД да бидат под рестрикции и во Македонија

ОСМАНИ: Функционерите од „црната листа“ на САД да бидат под рестрикции и во Македонија

Функционерите од „црната листа“ на САД да бидат ставени под рестрикции и во Македонија. Ваков предлог даде министерот за надворешни работи, Бујар Османи. 

На функционерите коишто ќе бидат обвинети за корупција, злоупотреба на службената должност и хибридни закани кон државата времено да им престане функцијата којашто ја извршуваат и да им се забрани да учествуваат на тендери сè до правосилноста на пресудата. Ова го предвидува предлогот за измени на Законот за рестриктивни мерки коишто денес ги претстави Османи.

Како што даде Османи, откако САД, ЕУ или Обединетото кралство ќе ги објават лицата на „црна листа“, МНР или некоја друга институција ќе поведе предлог до Владата, а таа ќе реши дали да упати или не повик до Јавното обвинителство да започне кривична постапка за тие лица која, ако резултира со обвинение-ќе значи времен престанок на јавната функција и учество на тендерите, додека не се види крајната пресуда.

Според објаснувањето на Османи, досега Јавното обвинителство (ЈО) требаше да поведува постапки, а сега со овој закон ќе мора, доколку од него тоа го побара Владата. Измените предвидуваат и со започнувањето на постапката на ЈО да започне и конфискација на имотот на санкционираните – граѓани на Македонија или од странство.

На „црната листа“ на американскиот Стејт департмент лани се најдоа вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Странските амбасадори сериозно ја критикуваат корупцијата во земјава. 

Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп вчера објави фотографија од заедничка средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на која му било кажано дека со вакво ниво на корупција и владеење на правото, Македонија да не очекува влез во Европската унија. Американската амбасадорка Анџела Агелер претходно кажа дека имаме епидемија на корупција. 

Слично

Поврзани вести