Османи: Еден од најискусните дипломати ќе биде амбасадор во Софија
Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција рече дека предлогот за амбасадор на Северна Македонија во Софија поминал на владина седница, а истакна дека не може да го открие неговото име од правни причини,
Османи изјави дека е се работи за еден од најискусните дипломати во МНР.
„Еден од најискусните дипломати во МНР, и намерно е решено на таков начин, да се испрати искусен дипломат во Софија во услови кога сакаме да ја вратиме довербата и да ги надминеме разликите, но не можам да коментирам за име додека агреманот не биде прифатен и од претседателот“, рече меѓу другото Османи.
Инаку, неофицијално гласините се дека предлогот на МНР за амбасадор во Софија е Агнеса Руси, дипломат од кариера во МНР.
