Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи е сигурен дека Бугарија постојано ќе има нови барања

Османи е сигурен дека Бугарија постојано ќе има нови барања

Прилично сум сигурен дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи. 

Тој во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ) зборуваше за ветото на источниот сосед. Османи вели дека Северна Македонија е најмалтретираната држава во процесот на проширување на ЕУ, а тоа предизвикува многу фрустрации.

„Јас се гордеам на посветеноста на политичката елита и населението, кои, и покрај сè, остануваат на целта за влез во ЕУ. Постои вистинско верување дека нема алтернатива – инаку, луѓето одамна би го напуштиле овој пат. Дури и луѓето што не се запознаени со геополитичката динамика многу добро разбираат дека за оваа земја ЕУ е воздухот што треба да го дишеме“, рече Османи.

Додава дека динамиката во бугарската политика е толку несигурна што не се знае што ќе донесе утрешниот ден.

Македонија треба да направи уставни измени за да продолжи да преговара со Европската Унија (ЕУ). Бугарија инсистира за внесување на Бугарите во Уставот. 

Инаку, лидерот на бугарската партија Преродба, Костадин Костадинов се изјасни против францускиот компромис за Македонија.

Рекол дека вклучувањето на Бугарите меѓу шест, седум или осум други националности во Република Северна Македонија, било во некоја преамбула или во посебни написи, го забива последниот клинец во ковчегот на бугарскиот карактер на Македонија.

Инаку, Бугарија со подарување на мобилни и таблети се обидуваше Македонците во Албанија да ги притисне да се изјаснат како Бугари на пописот. 

Слично

Поврзани вести