Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи: Две дипломатски лица не го поминаа ветингот, ќе им биде прекинат работниот однос

Османи: Две дипломатски лица не го поминаа ветингот, ќе им биде прекинат работниот однос

Бујар Османи, министерот за надворешни работи, ги соопшти првичните резултати од почетокот на ветингот на дипломатите во МНР и на две лица од нив ќе им биде раскинат работниот договор затоа што немаат безбедносен сертификат од безбедносните служби.

„На едно лице при проверка на безбедносниот статус одбиено му е барањето за безбедносен сертификат и не го поминал првиот филтер. За причините за одбивањето не добив образложение, а започната е и процедура за прекинување на работниот однос. Друго лице користело несоодветен сертификат. И тој не го поминува првичниот ветинг и за него следува прекин за работниот однос. Со тоа може да се заклучи дека две лица не го поминаа ветингот“, рече Османи на денешната прес-конференција.

Шефот на македонската дипломатија рече дека тоа не е групата на дипломати за кои Ерменија издаде меѓународна потерница преку Интерпол.

Тој додаде дека се прават темелни проверки за дополнителни шест лица, кои не побарале обнова навремено и имаат истечени сертификати.

„На нив ќе им биде ограничен пристапот до куќата, но не се одбиени и имаат рок од 7 дена да побараат соодветна сертификација“, рече Османи.

Од околу 500 вработени, само 116 навремено поднеле барање за обновување на сертификатите на шест месеци пред нивниот истек.

Слично

Поврзани вести