Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСМАНИ ДО МИЦКОСКИ: Ja преминувате основната линија на политичка пристојност кога нема потреба за тоа

ОСМАНИ ДО МИЦКОСКИ: Ja преминувате основната линија на политичка пристојност кога нема потреба за тоа

Поранешниот шеф на дипломатијата, Бујар Османи, реагираше на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска изјави дека Османи, за време на преговорите за македонскиот јазик и идентитет, го погодил македонскиот идентитет со нож во белите дробови. 

Османи пишува дека Мицкоски, наместо да промовира соживот и да се грижи за меѓуетничката кохезија, промовира омраза и навредлив јазик.

„Како никогаш досега, имаме премиер кој, наместо да работи на зајакнување на внатрешната сила на земјата, постојано ги поткопува сите темели врз кои се темели нашата внатрешна стабилност. Премиер кој, наместо да ja негува внатрешната коегзистенција и да се грижи за меѓуетничката кохезија, свесно и доста упорно инвестира во промовирање на меѓусебна омраза и нетолеранција. Признавам дека сме политички противници и дека нашите концепти за тоа како веруваме дека земјата треба да се развива се различни. Исто така, ќе признаам дека не можеме да се договориме за „гаранции“ за продолжување на европскиот пат. Но, премиере, ја преминувате основната линија на политичка пристојност кога нема потреба за тоа. Делите жолти картони, навредувате, понижувате“, пишува Османи. 

Тој додава дека и покрај етикетирањето од Мицкоски, Албанците не се дојденци во Македонија, туку се постојани жители и оваа земја е нивен дом.

„Навредувате и клеветите во некаква замислена одбрана на македонскиот јазик, кој е заштитен и потврден од 27 земји-членки на Унијата директно во Преговорната рамка пред вас; додека сте дома, со сета сила (и со несоодветна партиска поддршка од Уставниот суд), правите сè за да го понижите албанскиот јазик и албанскиот граѓанин“, вели Османи.

Инаку, Мицкоски го обвини Османи дека заковал шајки во македонскиот идентитет. 

Слично

Поврзани вести