Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи: Директните насилници не смеат да бидат предмет на помилување

Османи: Директните насилници не смеат да бидат предмет на помилување

Според вицепремиерот Бујар Османи доколку некој бил колатерална штета во настаните за 27 април, тогаш може да се разговара за негова амнестија.

Ова тој го изјави синоќа на Канал 5.  Но, вели дека директните насилници не смеат да бидат предмет на помилување, како и нарачателите доколку може да се дефинираат, бидејќи тоа е многу комплицирано. 

„Но, доколку некој е колателарна штета, тогаш тие треба да бидат предмет на дискусија на собраниското тело за помирување. Идејата за помирување е благородна, но никако не планираме да промовираме неказнивост“, вели Османи.

ВМРО-ДПМНЕ го достави до Собранието најавуваниот Предлог закон за амнестија кој треба да ги опфати сите лица кои се осомничени, обвинети или осудени за кривични дела поврзани со настаните од 27 април и насилствата во Собранието. Од опозицијата соопштија дека бараат законот да се донесе по скратена постапка и дека очекуваат поддршка од сите парламентарни партии. Според ВМРО-ДПМНЕ, овој предлог закон е подадена рака за помирување и сега е на потег СДСМ да покаже дека стои зад она што го говори.

Слично

Поврзани вести