Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи денеска во БиХ: Средби со високи претставници

Османи денеска во БиХ: Средби со високи претставници

Бујар Османи во петок ќе престојува во официјална посета на Босна и Херцеговина каде што со официјалните претставници ќе разговараат за билатерални и регионални прашања.

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, во петок ќе престојува во официјална посета на Босна и Херцеговина и ќе се сретне со тамошни официјалнит претставници со кои ќе разговараат за билатерални и регионални прашања.

Заменик-претседателот на Советот на министри и министерка за надворешни работи на Босна и Херцеговина Бисера Турковиќ во Сараево ќе го прими колегата од Македонија.

Средба со Џаферовиќ и Турковиќ

Во Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина, со почеток во 11:45 часот, ќе се одржи тет-а-тет состанок на министри, а потоа и состанок на делегации од ресорните министерства на двете земји.

Турковиќ и Османи по средбите ќе одржат прес-конференција.

Министерот за надворешни работи на Македонија во Сараево ќе биде примен и од претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ, а средбата ќе започне во 9:45 часот.



Слично

Поврзани вести