Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи денеска во Берлин, а потоа во Софија

Османи денеска во Берлин, а потоа во Софија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи е во работна посета на Германија, каде што ќесе сретне со Ана Лирман, државниот министер за Сојузна Република Германија, одговорна за Европа

Османи ќе се сретне и со Михаел Рот - претседател на Комисијата за надворешни работи и Антон Хофрајтер - претседател на Комисија за европски прашања прашања на Бундестагот. Во дневниот редослед на посетата се вклучени и средби со советниците за надворешни работи и прашања за ЕУ на германскиот канцелар.

Целта на посетата е да се потврди ставот на Германија и „поддршка за итната потреба од деблокирање на процесот на пристапување во ЕУ“, соопшти Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.

Од Берлин Османи патува директно за Софија, се наведува во соопштението.


Слично

Поврзани вести