Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи: Чувствителен момент, мотивите на повлекување нејасни

Османи: Чувствителен момент, мотивите на повлекување нејасни

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи изјави дека Македонија „ги охрабрува“ изјавите од Србија за нормализирање на односите.

„Ги охрабруваме изјавите од Србија за нормализирање на односите. Исти позитивни сигнали даваме и оттука, дека сме за нормализирање на односите и за разјаснување на евентуални причини кои доведоа до нарушување“, рече Османи пред новинарите.

Тој кажа дека и понатаму е нејасно што е причината за повлекување на персоналот од Амбасадата на Србија од Скопје и додал дека не треба да се брза со заклучоци.

„Уште е нејасна ситуацијата околу причините. Треба да почекаме целосни информации, да не брзаме со заклучоците и изјавите кои можат дополнително да ги влошат односите“, рече вицепремиерот.

Османи истакна дека Македонија се наоѓа во историски момент на позитивна клима во земјата и во регионот да направи исчекор во евроинтергациите и дека би била грешка ако си дозволи да отвора нови прашања во односите со соседите.

„Работиме интензивно да ги затвориме сите отворени прашања кои ги имаме со соседите. Македонија има и ќе има коректен однос кон сите соседи“, потенцира Османи.

Слично

Поврзани вести