Османи чека одговор од Софија за предлозите
Уште денеска ќе стапам во контакт со Бугарија за надминување на спорот, вели македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи.
Тој вели дека координацијата со премиерот Зоран Заев и со сите чинители во земјава уште во првите денови од годинава, се праќа порака дека македонската страна сака решение и дека за прашањето на ЕУ нема да изгубиме ниту еден ден, независно од разочарувањето кое го имавме со исходот во декември. Османи апелира до премиерот и претседателот Стево Пендаровски што побрзо да се усогласат околу персоналните решенија за идни амбасадори во седум светски метрополи меѓу кои Вашингтон, Анкара, Софија и Каиро. На овој план османи како ново предложил отварање на амбасада во Братислава, Република Словачка, со која дипломатските работи досега ги покриваше амбасадата во Виена, Австрија.
Политиката на Бугарија кон Северна Македонија треба радикално да се промени, вели бугарскиот политолог Николај Василев во интервју за БНР. Тој рече дека нема да се случи тоа што го сакаат тврдите бугарски националисти – одеднаш остро да се каже: историјата била таква, таква и таква.
