Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи: Бугарскиот министер лично ми се извини што не дојде на Преспа форумот, поради изборите во земјата

Османи: Бугарскиот министер лично ми се извини што не дојде на Преспа форумот, поради изборите во земјата

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за Утрински брифинг зборуваше за Преспа форумот и за пораките што од него стигнаа за земјава. 

Тој кажа и дека неговиот бугарски колега, министерот за надворешни работи, му се извинил што не можел да дојде на форумот, ппоради изборите во таа земја. 

„На ‚Преспа Форумот' многу работевме за да создадеме една платформа со која пред светот ќе се покаже нашата страна од приказната и мислам дека и според одзивот на луѓето коишто дојдоа да покажат почит кон нашата приказна, но и да ги дадат пораките за тоа што се случува по однос на нашето досие, по однос на целиот Западен Балкан, некако ние стануваме платформа низ којашто регионот зборува пред ЕУ, пред светот, а сето тоа е создадено преку кредибилитетот на нашата приказна, но и разбирањето на моментот и добрата организација“, изјави Османи во Утрински брифинг.

„Од Грција присуствуваше заменик министерот за надворешни работи, но имаше и претставник од бугарското МНР на ниво директор за билатерални односи. Се разбира Бугарија е пред избори и не можам да кажам дали е порака тоа што не дојде министерот, иако тој лично ми се извини што не може да присуствува поради изборите таму. Но во секој случај огромното присуство на високи претставници од регионот, САД, ЕУ, зборува за фактот дека Северна Македонија ја ставивме сериозно на мапата на вакви меѓународни конференции преку кои регионот се обраќа до светот“, вели Османи.

Слично

Поврзани вести