Османи „контра“ МВР: Албанското знаме може да се постави секаде – законот тоа го дозволува
-Нема ништо спорно со поставувањето на албанското знаме во Охрид. Тоа знаме може да се постави било каде. Ова го изјавил вицепремиерот Бујар Османи гостувајќи во емисија на ТВ 21.
Со оваа изјава Османи го оправдува чекорот на поставувањето на знамето на Самоиловата тврдина.
Имено, токму овој чин пред неколку дена ги зовре страстите и предизвика лавина од реакции.
Албанското знаме беше поставено од играорец на Самоиловата тврдина. МВР од друга страна имаше експресна реакција и го казни поставувачот на знамето со парична казна од 1100 евра. Играорецот беше депортиран и има забрана за влез во Македонија од 5 година.
Слично
