Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСМАНИ: Ако испорачаме резултати имаме подеднаква шанса за 2025 година

ОСМАНИ: Ако испорачаме резултати имаме подеднаква шанса за 2025 година

Заменик Претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи во своето неделно видео обраќање накусо се осврна на содржината на минатонеделниот Извештај на Европската комисија, т.е., на трите клучни позиции кои ја отсликуваат суштината на Извештајот.

„Македонија доби исклучително позитивен извештај, веројатно најдобар извештај кој досега сме го имале крунисан со чиста и безусловна препорака“, рече Османи кој накратко посочи три клучни позиции што ја отсликуваат суштината на овој Извештај:  . 

„Прво, Политичките критериуми! 

Македонија во споредба со останатите земји од Западниот Балкан оствари најголем напредок, што директно ја рефлектира успешната имплементација на Планот 3-6-9, особено квалитетот на имплементацијата на реформите во една транспарентна и инклузивна постапка. 

Второ, стабилизирањето на политичката криза покажува добри резултати и во останатите области. На пример, во споредба со регионот, Македонија има добиено највисока оценка и за подготвеноста за членство според економските критериуми. Тоа значи дека нашата индустрија, нашите услуги, нашите производи се приближуваат до стандардите со кои ќе станат конкурентни на европскиот пазар.

И на крајот, дозволете да укажам на уште еден многу важен податок кој и во минатото постојано го повторував, а кој Европската Комисија го потврди во извештајот. А тоа е факот што Македонија во имплеметацијата на т.н. АКИ (aquis), или од аспект на усогласеноста на законодавството и институциите со оние на Европската Унија, е рамо до рамо со т.н. земји – предводнички, Србија и Црна Гора, кои веќе подолго време се во фаза на преговори“, истакна Османи кој обраќањето го заврши со тоа дека овој податок покажува дека доколку добиеме шанса за преговори и притоа испорачаме резултати имаме подеднаква шанса за 2025 година.


Слично

Поврзани вести