Ослободените од Монструм ќе си бараат оштета за годините во затвор
Ослободените од затвор за случајот „Монструм“ планираат по завршување на постапката со конечна правосилна пресуда ако се утврди целосно од судот дека не се виновни за обвинението за тероризам за убиството на четирите момчиња од Радишани и рибарот од Црешово, да бараат оштета од државата за досегашните години кои ги поминаа во затворите.
“Секако, како во случајот Сопот така и во овој случај ќе побараме обесштетување за годините што ги поминале во притвор без никаква вина. Само предуслов за ова барање е знаете дека е пресудата да биде правосилна а јас сум убеден дека тие не се виновни и дека ќе биде исходот ќе биде таков што тие ќе бидат ослободени од ова обвинение“, вели за Алсат-М адвокатот Насер Рауфи.
Според Рауфи, по ослободувањето од затвор на осудените во случајот Монструм, очекува праведен судскиот исход и за учесниците во организираните протести за овој случај.
“И за овој процес има само обвинение, но немаше притвори. Како и во случаите Сопот и Монструм и овде на сцената имавме монтирани случаи, па се надевам дека и за нив владеењето на правото ќе стапи на сила”, додава Рауфи.
За целосно расветлување на случајот, одбраната смета на меѓународна поддршка, со чија помош побрзо би дошол до праведен судски исход и вистинските актери на грозоморното убиство ќе бидат изведени пред законот и ќе ја добијат заслужената казна.
