Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ослободени осомничените за убиството на полицајците во Арачиново од 2000 година

Ослободени осомничените за убиството на полицајците во Арачиново од 2000 година

По речиси 20 години уште еден контроверзен случај останува без судска разрешница, откако Кривичниот суд донесе одлука да ги ослободи од обвинени тројцата преостанати осомничени лица за убиството на тројцата полицајци во Арачиново во 2000 година.

Убиството на тројцата полицајци се случи за време на рутинска контрола на патот на Арачиново на излезот на Скопје. Во нив било пукано најверојатно од автомобил со автоматски пушки, а од полициската единица само еден полицаец тогаш успеа да го преживее пукањето.

Кривичниот суд во Скопје денеска донесе втора ослободителна пресуда за Лирим Динарица, Емрула Емрулаи, Рамиз Асани, Муча Бајрами, обвинети во случајот на тројцата убиени полицајци Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак.

Од натамошен прогон во меѓувреме беа ослободени и обвинетите, сега веќе починати, Башким Асани и Агим Асани.

Шестмината обвиенти во досегашната судска постапка еднаш веќе добија ослободителни пресуди поради немање докази, но Апелациониот суд по жалба на Обвинителството ја укина првостепената пресуда и постапката ја врати од почеток.

На повторената постапка, Скопското обвинителство поднесе обвинителен акт и за уште едно лице, Емрула Емрулај, а постапката беше запрена за Агим Асани кој беше убиен пред Стоковната куќа „Илинден” во февруари 2007.

Првообвинетиот Динарица во истражна постапка го признал делото и во детали го опишал настанот, но на судењето го сменил исказот, велејќи дека признанието во истрагата го дал под присила.


Слично

Поврзани вести