Осквернавен споменик на бранител од Диво Насеље, градоначалникот Стефковски бара од МВР да ги пронајде сторителите
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, доцна синоќа најостро го осуди сквернавењето на споменикот на бранителот од Диво Насеље, Горан Стојменовиќ, во Инџиково. Осквернавени се и иконите од осветениот крст. Градоначалникот порача дека спомен-обележјето ќе биде обновено.
„Изразувам најостра осуда за вечерашното сквернавење на споменикот на загинатиот бранител во борбите во Диво Насеље, Горан Стојменовиќ како и на иконите кои се дел од осветениот крст поставен во истиот парк во Инџиково. Ваквиот сторен чин на денешниот голем македонски празник Илинден и христијански празник Св. Илија преставува срамен и кукавички чин кој е за најостра осуда“, објави градоначалникот на Гази Баба.
Стефковски побара од Министерството за внатрешни работи што е можно побргу да ги пронајде сторителите.
„Како градоначалник на општина Гази Баба, БАРАМ итно и неодложно превземање на сите законски дејствија од страна на Министерството за внатрешни работи и час поскоро сторителите на овој чин да бидат изведени пред лицето на правдата.
На граѓаните сакам да им порачам да бидат спокојни. И споменикот и иконите ќе ги обновиме, а традицијата на оддавање почит на херојот Горан Стојменовиќ, како и чествувањето на Соборот на 12те Апостоли во Инџиково ќе продолжи!“, додава тој.



Слично
