Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оштетени цевки за довод на кислород за 125 пациенти во тетовската болница

Оштетени цевки за довод на кислород за 125 пациенти во тетовската болница




Непознати сторители синоќа го оштетиле системот за централен довод на кислород во објектите на тетовскиот ковид-центар каде што има 125 хоспитализирани заболени од Ковид-19.

Гзим Нуредини, координатор во ковид-центарот на Клинича болница, тврди дека некој со удирање со метален предмет врз цевките, намерно едната ја пресекол, додека другата е била свиткана и дека ќе се превземат мерки за обезбедување.

„Изгледа имавме среќа сите 125 пациенти што ги имавме ги спасивме, бидејќи да имаше оштетување на главната цевка тоа ќе беше катастрофа и не би сакал да предвидам што би можело да се случи и што би можеле ние да направиме во тие моменти. Тоа би требало да значи транспорт на сите пациенти од сите одделенија, а имаме нетранспортибилни пациенти. Замислете да требало над 70 отсто од пациентите да се транспортираат итно, што за наша среќа не се случи. Се надевам дека сега полиција ќе видат за што се работи и кој е авторот на ова дело“, изјави Нуредини за МИА.

Случајот го потврди и самата полиција а попладнево во болницата стручни лица од соодветна фирма извршија и санација на оштетувањата на централниот систем за довод на кислород во тетовската болница.

„Со употреба на физичка сила биле оштетени две бакарни цевки со различна големина, односно капацитет. Едната цевка за компримиран воздух била скината, а втората за азотен оксидол била свиткана. Набрзо по пријавата, екипа на Секторот за внатрешни работи Тетово, во координација со Јавен обвинител, извршила комплетен увид. Оштетувања се фотодокументирани и крим-технички обработени. Се расчистува и документира случајот“, потврди портпаролот на СВР-Тетово, Марјан Јосифоски.


Слично

Поврзани вести