Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОШТЕТЕН СПОМЕНИКОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО ПРИЛЕП: Стигнаа осуди и ветување за брза санација

ОШТЕТЕН СПОМЕНИКОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО ПРИЛЕП: Стигнаа осуди и ветување за брза санација

Непознати сторители синоќа го оштетиле споменикот на Александар Македонски, кој се наоѓа на плоштадот „Александрија“ во центарот на Прилеп.

Споменикот е поставен во 2006 година, и  е донација од бизнисменот и политичар Ѓорѓија Џорџ Атанасоски.

„Општина Прилеп најостро го осудува вандалскиот чин со кој синоќа непознати сторители го оштетиле споменикот на Александар Македонски, кој е поставен во центарот на градот, на плоштадот Александрија, кршејќи го неговото копје. Случајот ќе биде пријавен во Полициската станица Прилеп и очекуваме надлежните органи во најкус можен рок да ги пронајдат сторителите. Исто така сакаме да истакнеме дека споменикот ќе биде саниран во многу краток период“- стои  во соопштението од Општина Прилеп.

Македонската Алијанса очекува од надлежните институции ефикасно да го расчистат инцидентот, брзо да ги пронајдат сторителите, да покренат постапка за нивната одговорност, што секако ќе делува обесхрабрувачки за сите оние кои во последно време се чувствуваат мотивирани да се пресметуваат со историското, културно и идентитетско поврзување на македонскиот народ,  со Античка Македонија и ликот и делото на Великиот Александар. 

„Го поздравуваме чинот на јавна осуда на вандализмот врз споменикот на Александар Македонски од страна на општина Прилеп и најавите за брза санација на споменикот. Веруваме дека локалната власт ќе ги преземе сите соодветни мерки за негова заштита од сите нови евентуални обиди за негово оштетување. Бидејќи во изминатите години немаше вакви или слични инциденти, Македонската Алијанса не сака да верува дека зад овој вандализам може да се кријат нечии политички мотиви. Ако некој тргнал да му прави кеифови на нашиот јужен сосед избрал погрешен метод. Историските факти никој не може да ги избрише, како што не може да му го ампутира националниот идентитет на македонскиот народ и да му го одземе светото македонско име“ - наведуваат од Македонската Алијанса. 

Инцидентите од ваков тип имаат обратен ефект, додаваат оттаму. 

Слично

Поврзани вести