Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во  Штип

Силниот ветер предизвика штети во Штип при што е оштетен покрив на училиште и паднати се дрвја на повеќе локации. Повредени лица нема.

Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Александар Арсовски изјави дека  имале околу 20 интервенции.

Силен ветар оштети дел од покрив на средното електро-машинско училиште во Штип, а дрво падна и во непосредна близина на градинка.

Службите отстранувале паднати дрвја во градот и неговата околина, меѓу кои кај градските горбишта, градинката „Вера Цирвири-Трена“, Кланицата, Средното училиште „Коле Нехтенин“, улицата Широк Дол.

Од Центарот за управување со кризи информираа дека кај сите интервенции е учествувано со три пожарникари и едно противпожарно возило.

Известена е и дежурната служба на ЕВН за ризични електрични столбови, исфрлање искри од жици, како последица од силниот ветер, на територијата на градовите Штип и Кочани, како и во селата Облешево и Истибања.

И утре ќе има силен ветер, а граѓаните треба да бидат внимателни и да не се движат на места каде има високи дрва со цел да се заштитат.

Слично

Поврзани вести