Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОРГАНИЗИРАЛЕ БОРБИ СО КУЧИЊА: Уапсени деветмина, жители на Косово, Битола и Штип

ОРГАНИЗИРАЛЕ БОРБИ СО КУЧИЊА: Уапсени деветмина, жители на Косово, Битола и Штип

Деветмина, од кои четворица од Косово, четворица од Битола и едно лице од Штип се уапсени откако биле затекнати како организираат борби со кучиња.

„На 01.11.2025 во 23:00 часот во с.Црноец, битолско, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода А.Д.(49), К.С.(43), Р.Б.(48) и Б.Н.(53), четворицата од Косово, Г.С.(51), И.Ж.(41), М.Х.(43) и В.Л.(43), сите од Битола и В.М.В.(59) од Штип. Тие се затекнати во дворното место на М.Х. во селото, каде што организирале нелегални борби со кучиња. Притоа, пронајдено е едно повредено куче и предмети кои потекнуваат од кривичното дело“, соопшти МВР. 

По целосно расчистување и документирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 233 од Кривичниот законик – „мачење животни“.

Слично

Поврзани вести