Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОРГАНИЗАТОРОТ НА „СИНЏИР“ ВО ПРИТВОР: Судијата му определи мерка притвор во траење од 30 дена

ОРГАНИЗАТОРОТ НА „СИНЏИР“ ВО ПРИТВОР: Судијата му определи мерка притвор во траење од 30 дена

Јавното обвинителство информира дека првоосомничениот во предметот „Синџир“ кој беше недостапен на органите на прогонот е обезбеден и изведен пред Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје.

-Прифаќајќи го предлогот на предметниот обвинител со Решение судијата му определи мерка притвор во траење од 30 дена. Според наводите содржани во диспозитивит на Наредбата за спроведување на истражна постапка, осомничениот е еден од тројцата организатори на злосторничкото здружение, се наведува во соопштението.

Инаку, пред три дена по акција на  Управата за финансиска полиција, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, го отвори случајот „Синџир“ против  26 сопственици и управители на 28 правни лица за злосторничко здружување, даночно затајување и перење пари.

Беа приведени и 20 осомничени лица од Неготино, Кавадарци, Битола, Охрид и Скопје, додека 6 лица се недостапни на органите на прогонот. Тие не платиле данок во износ од скоро 8 милиони евра, давачка на која биле законски обврзани. 


Слично

Поврзани вести