Организаторите како гости на телевизија најавија нови протести за „Монструм“
Во април се најавуваат нови протести за судската пресуда за случајот „Монструм“, но и за други процеси, најавуваат организаторите како гости на албанската радиотелевизија, пренесува „Лајме“.
Бедри Хајдари, Адил Мустафа, Блерим Ахмеди и Јетула Керими беа гости во оваа емисија. Тие предупредија на нови протести и блокади на сите национални патишта во текот на април.
Ги повикаа албанските партии да ја напуштат Владата, или во спротивно ќе бидат прогласени за предавници.
На последниот насилен протесткај Бит Пазар беа повредени дузина полицајци, а неколкумина учесници на протестот завршија во притвор.
Слично
