Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОРДАНОСКИ ПРАШУВА: Кој му го смести на министерот Филипче

ОРДАНОСКИ ПРАШУВА: Кој му го смести на министерот Филипче

Кој му го смести на Филипче. Со колумна со ваков наслов денеска излезе новинарот Сашо Орданоски во Слободен печат.

„Она што мене ми е најзанимливо од последната долга и подробна прес-конференција на министерот за здравство и претставниците на Комисијата за заразни болести е информацијата дека во Македонија во последните десетина дена се врши масовно тестирање на асимптоматски случаи на потенцијално заразени со корона вирусот. Се обидов да проверам дали таква практика постои во соседните земји. Колку што јас разбирам, тоа не го прави никој не само на Балканот, туку и во најголемиот број земји во Европа“, пишува Орданоски во колумната.

Според него, доколку во сите земји се спроведува таква стратегија за тестирање, бројките само во Европа би покажале барем неколку десетици милиони заразени, во овој момент. 

„Не е лошо, за некои идни поучни анализи, да дознаеме чија е, точно, идејата за ваков уникатен асимптоматски тестирачки пристап само во Македонија? Што баш сега, а не пред месец дена?... И тоа токму кога решението за датумот за одење на избори „виси на конец“, со познатите ставови и пропагандни техники околу тоа која партија за што се залага по тоа прашање – дијапазонот е од паничен бојкот, преку парализирање на органите за спроведување ред и поредок, до „Албанец за Премиер!“, откако го оженија „заслужниот“ Младоженец кој, со ништо предизвикан, прогласи „убиство“ на вирусот токму во деновите критични за почетокот на новиот „епидемиски бран“ во Македонија! Такашто, одговорот на провокативниот наслов на овој текст за тоа „Кој му го смести на Филипче?“, веројатно е – си го смести самиот на себе...“, пишува новинарот.

Последиците, вели, за среќа, ќе бидат партиско-политички и изборни, бидејќи епидемијата и понатаму е под пристојна контрола. Ако тоа некого уште го интересира.

Слично

Поврзани вести