ОРЦЕ ВЕЌЕ СЕ ВИДЕЛ СО ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА: Се истражува дали имало злоупотреби во град Скопје - „Стојам зад сите факти што ги кажав“
За повикот од јавниот обвинител Љупчо Коцевски да пријава доколку има индиции за злоупотреби во Град Скопје, Ѓорѓиевски во синоќешното гостување на МРТВ, рече дека веќе имале средба со претставници на Финансиската полиција и додаде дека во интерес на истрагата не може да даде повеќе иформации.
-Стојам зад сите факти што ги изнесов во јавноста. Околу 500 лица се отстранети од списоците на вработени во јавните градски претпријатија кои земале плата, а не оделе на работа, односно го прекршиле Законот за работни односи и дисциплината во претпријатитето. Тоа не се лица кои ќе бидат заменети со нови зашто нив им било дозволено единствено да вршат злоупотреба на институциите и да се доведуваме во состојба во каква што сме денес во Градот Скопје, рече Ѓорѓиевски.
Сакам, додаде, да има и командна одговорност што не подразбира само овие лица да бидат отстранети од сипсоците за вработување, туку да има и одговорност оној кој што потпишувал да земаат плата, а да не работат, но и директорот кој сето тоа го одобрувал.
Фото:МИА