Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОРЦЕ УШТЕ ЕДНАШ ЈА НАЈАВИ ГРАДСКАТА ПЛАЖА: Обновени се терените за спорт и рекреација на кејот на вардар

ОРЦЕ УШТЕ ЕДНАШ ЈА НАЈАВИ ГРАДСКАТА ПЛАЖА: Обновени се терените за спорт и рекреација на кејот на вардар

Скопје доби нов уреден спортски комплекс на кејот на реката Вардар, со обновени терени и нови содржини за спорт и рекреација.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека реконструираните спортски терени денеска се пуштени во употреба, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски.

„Кејот на Вардар е еден од моите клучни приоритети. Уште од првите денови по преземањето на функцијата започнавме со темелно чистење и уредување, со што реката повторно тече низ своето природно и нормално корито“, напиша Ѓорѓиевски.

Во рамките на проектот се реконструирани терените за фудбал, баскет и одбојка на песок, поставена е нова урбана опрема, а се создаваат и фитнес-зони на отворено.

Дополнително, како што посочи градоначалникот, ќе бидат унапредени и спортските терени во Маџир Маало, кои повторно ќе бидат ставени во функција за граѓаните.

Според најавите, на овој потег ќе се уреди и современа градска плажа, која треба да стане нов простор за одмор, спорт и рекреација покрај реката Вардар.




Слично

Поврзани вести